Connect with us

Општини

Реакции од жителите на Крива Паланка за заматена вода за пиење, ЈП „Комуналец“ тврди дека водата е исправна

Жителите на Крива Паланка деновиве реагираат на заматена вода за пиење од јавниот градски водовод, по што се јавија и повеќе реакции на засегнати граѓани кои јавно упатија барања за информации од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ за исправноста на водата. Од ЈП „Комуналец“ уверуваат дека водата е безбедна и исправна за пиење.

-Бараме јасни и транспарентни информации за актуелниот квалитет на водата во Крива Паланка – кога е последен пат направена целосна анализа, каде се резултатите од анализите и дали постојат делови од водоводната мрежа каде што има проблем со квалитетот- прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

По ова, се огласија одговорните од ЈП „Комуналец“, претпријатие што ја одржува водоводната мрежа.

-Ги известуваме граѓаните дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат и најновите резултати од извршените анализи на водата, направени во акредитирана лабораторија. Согласно добиените лабораториски резултати, водата ги исполнува пропишаните услови и стандарди согласно закон. Граѓаните можат слободно да ја користат водата за пиење и подготовка на храна, а заматување се појавува поради застарени водоводни инсталации во одредени делови. Нашите служби редовно го контролираат квалитетот на водата, се врши хлорирање и контрола на хлорот, така што нема потреба од ширење дезинформации и паника меѓу населението, информира директорот на ЈП „Комуналец“, Сашо Цветковски.

Посочи дека ЈП „Комуналец“ континуирано го следи и контролира квалитетот на водата со цел на граѓаните да им обезбеди здрава, безбедна и квалитетна вода за пиење