Регион
Во јули историски рекорд на увоз на нафта во Албанија а цената надмина две евра за литар
Во јули забележан е историски рекорд на увоз на нафта во Албанија, кој според податоците од Министерството за финансии изнесува 75.779 тони, што е најголема месечна количина регистрирана, барем, од 2000 година.
Во споредба со јули минатата година, увозот се зголемил за околу 4.800 тони, или 7 проценти.
-Но, јулскиот рекорд доаѓа во време кога вкупниот увоз се намалува. Во првите седум месеци од годината се увезени околу 408 илјади тони, околу 8 илјади тони помалку во однос на истиот период минатата година, што е намалување од околу 2 проценти, објавија медиумите.
Контрастот е уште поочигледен поради цената. Во јули, дизелот го надмина нивото од 200 леки за литар, додека во август достигна 219 леки (2,38 евра). Значи, месецот со највисока цена го означи и најголемиот увоз досега регистриран.
Сепак, увозот не е исто што и потрошувачката. Нема јавни податоци што покажуваат колку од овие 75.000 тони биле потрошени во текот на јули и колку биле ставени на залиха.
Во меѓувреме поради високите цени на горивата, албанските граѓани од пограничните региони, главно, дизел, набавуваат во градовите од соседните земји.
септември 6, 2026
