Connect with us

Општини

Реакции на граѓани од Кочани: Тротоарите претворени во паркинг, пешаците принудени да се движат по коловозот

Сè повеќе граѓани на Кочани реагираат на непрописно паркирани возила на тротоарите, поради што пешаците често се принудени да се движат по коловозот, директно меѓу автомобилите наместо на тротарот.

Проблемот, според реакциите на граѓаните, не е присутен само на една улица,  се забележува на сообраќајници на повеќе локации во градот. 

Особено тешко е за лицата со инвалидитет, лицата со намалена подвижност, родителите со детски колички, како и за децата и повозрасните граѓани. Бидејќи тротоарите се „окупирани“ од возила, за нив движењето по коловозот претставува сериозна опасност.

Потребно е, велат, да се обезбеди јасен и непрекинат простор за пешачко движење, а особено внимание да се посвети на зоните околу училиштата и улиците каде што има голема фреквенција. Предупредуваат – не треба да се чека некој да биде повреден за проблемот да стане приоритет.

Од надлежните служби се бара да излезат на терен и да ја проверат состојбата со паркирањето на тротоарите, особено на местата каде што проблемот е најизразен, Од нив се очекува да преземат соодветни мерки против возачите кои ги оставаат своите возила на тротоарите и со тоа го оневозможуваат безбедното движење на пешаците.