Connect with us

Свет

Аксиос: Администрацијата на Трамп работи на повоена стратегија за Блискиот Исток

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп работи на повоена стратегија за Блискиот Исток, што е фокусирана на регионални напори за ограничување на Иран, како и на проширување на нормализацијата на односите меѓу Израел и неговите соседи, изјавија  двајца американски функционери и два други извора запознати со тоа прашање.

Извор запознат со процесот изјави за „Аксиос“ дека ќе бидат потребни уште неколку недели за да се развие стратегија.

„Тие ја подготвуваат, но се уште не е готова. Идејата е да се поврзат многу работи во регионот, како по војната да се создаде регионален сојуз. Се уште не е јасно дали сите американски сојузници во регионот ќе бидат дел од тој план“, рече изворот.