Свет
Кинеските власти упсиле 52 Сингапурци во акција за сузбивање на пирамидални шеми
Кинеските власти уапсија 52 Сингапурци во покраината Гуангкси, за време на полициска операција против пирамидални шеми и сродни кривични дела, објави денеска Министерството за надворешни работи на Сингапур.
Министерката Сим Ан изјави дека Министерството за надворешни работи и сингапурската полиција соработуваат со кинеските власти за да добијат дополнителни информации, додека владата на оваа земја обезбедува конзуларна помош за уапсените, објавуваат британбските медиуми.
Амбасадата на Сингапур во Пекинг и Генералниот конзулат во Гуангжу направија три посети на притворените лица за да ја проверат нивната состојба и да им обезбедат конзуларна помош, вклучително и пренесување на барањата на самите притвореници и пораки од нивните семејства, како и посредување во административни прашања, додаде таа.
„Во име на полицијата, сакам да повторам дека Сингапурците треба да бидат внимателни кога разгледуваат деловни или инвестициски шеми, без разлика дали се во странство или се домашни. Ова особено важи за шеми што вклучуваат регрутирање учесници, плаќање големи суми пари однапред или ветување невообичаено високи приноси“, рече Сим.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, им изјави на новинарите дека „полицијата истражува и се справува со случаите на кривични дела извршени од странски државјани во Кина во согласност со законот, со целосно почитување и заштита на легитимните права и интереси на вклучените лица“.
септември 5, 2026
