Connect with us

Свет

Британската војска откажува дел од воени вежби за да заштеди пари

Британската армија откажа дел воени вежби поради финансиски ограничувања вклучително и вежби со боева муниција за тенкови.

Одлуката стапи на сила веднаш и може да влијае на подготвеноста на дел од британските сили за реакции во кризни ситуации, јави Скај њуз. Откажани се вежби од поголеми размери, меѓу нив и активности и вежби со тенковите Челинџер 2 и хеликоптерите Апачи. 

На британската армија ѝ е наредено да ги прекине големите воени вежби во обид да заштеди 30 милиони фунти, што предизвика загриженост дека одлуката би можела да ја ослаби воената подготвеност на Велика Британија, јавија лондонски медиуми.

„Тоа не е наша одлука, приморани сме на тоа“, изјави извор од армијата за британски медиуми. 

Според „Тајмс“, Кралскиот тенковски полк требало да започне шестнеделни борбени вежби во Велс следната недела, но обуката беше откажана само неколку дена пред нејзиниот почеток.

Наредбата се однесува за вежби со повеќе од 90 војници и на сила е до крајот на годината. Намален за 10 отсто е и буџетот за обука на резервисти.