Хроника
Кривични против двајцa кавадарчани за „предизвикување општа опасност“ и за „загрозување на животната средина и природата со отпад“
Кавадаречката полиција поднесе две кривични пријави поради случаи поврзани со пожар на депонија во градот. Пријавени се две лица за „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 31-годишниот С.С. од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ согласно член 288 од Кривичниот законик.
Според пријавата, на 20 август 2026 година, на депонија во Кавадарци, С.С. запалил душек кој бил опколен со сува трева и отпаден материјал, со што предизвикал опасност од ширење на огнот.
Во вториот случај, кривична пријава е поднесена против 58-годишниот В.С. од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 од Кривичниот законик.
В.С. бил вработен како чувар на депонијата „Мелци“. На 25 август 2026 година го напуштил работното место, при што, според МВР, направил пропуст во вршењето на надзорот. Во тој период на депонијата избувнал пожар од поголеми размери.
И во двата случаи пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Кавадарци, а понатамошната постапка е во надлежност на обвинителството.
септември 3, 2026
