Општини
Спречено ширење на пожар во НП Маврово на планината Бистра
Со брза интервенција на вработените во националниот парк Маврово изгаснат е шумски пожар и спречено неговото ширење на планината Бистра.
Од ЈУНП „Маврово“ информираат дека утрово, службата за заштита на природата на паркот во текот на утринските часови, успешно го локализираа и навремено го изгасија пожарот на планината Бистра, на локалитетот Јадово.
– Оваа акција уште еднаш го потврдува огромното значење на Секторот за заштита на природата, како и професионалноста, посветеноста и подготвеноста на вработените кои секојдневно се грижат за безбедноста и зачувувањето на природното богатство на НП Маврово, наведуваат од управата на НП Маврово и посочуваат дека во акцијата, припадниците на службата за заштита покажале навремена, одговорна и професионална реакција.
септември 3, 2026
