Забава
Ликот на Трамп на американска монета
Ликот на Доналд Трамп се појави на американска монета. Тоа го прави првиот жив претседател на САД кој се појавил на американските долари последниве 100 години.
Ковницата на САД вчера издаде комеморативна монета од еден долар со ликот на Трамп и натпис „Во Бог ние веруваме“. Паричката е издадена по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави.
Ковницата соопшти дека специјалната серија монети го отелотворува „духот, гордоста и наследството на една нација што се приближува кон својата историска годишнина“. Збирка од 25 монети се продава за 61 долар, додека 100 парички чинат 154,50 долари.
Само неколку часа по почетокот на продажбата, страницата на ковницата објави дека сите залихи се распродадени.

