Регион
Почина Раиф Диздаревиќ, поранешен претседател и член на Претседателството на СФРЈ
Раиф Диздаревиќ, поранешен претседател и член на Претседателството на СФРЈ, истакнат југословенски дипломат, политичар и учесник во НОБ, почина денеска во Сараево.
Диздаревиќ беше член на Претседателството на СФРЈ од Босна и Херцеговина. Беше учесник во НОБ и општествено-политички работник на СФР Југославија.
Извршуваше голем број високи државни функции – претседател на Претседателството на СР БиХ од 1978 до 1982 година и претседател на Собранието на СФРЈ од 1982 до 1984 година како и фукцијата сојузен секретар за надворешни работи (1984–1988), каде што ја претставуваше Југославија на меѓународната сцена и одржуваше блиски врски со Движењето на неврзаните. Роден беше на 9 декември 1926 година во Фојница.
септември 2, 2026
