Свет
Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека при украинските напади со дронови оштетени се околу сто руски бродови, но оти не е предизвикана „критична штета“ на земјата.
Тој посочи дека според прелиминарните процени, украинските напади предизвикале штета од околу еден процент од бруто-домашниот производ на Русија.
– Ова не е критична штета за нас. Ниту пак можат да ни нанесат критична штета, наведе Путин ви Бишкек, каде се одржува Самит на Шангајската организација за соработка.
Путин истакна дека во украинските напади загинале морнари, меѓу кои и државјани на Азербејџан и на Турција.
Украина изминатиот период ги таргетира танкерите за нафта и бродовите со жито во Црно и во Азовско Море, а исто така ги засили нападите со беспилотни летала со долг дострел длабоко на руска територија, напаѓајќи ги рафинериите за нафта и логистички центри.
Додека Русија ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина. Киев, исто така, пријави големи и ги обвини своите западни сојузници дека не обезбедиле доволно ракети за воздушна одбрана.
септември 2, 2026
