Connect with us

Култура

Музејот на македонската борба за самостојност ќе одбележи 15 години од основањето

НУ Музеј на македонската борба за самостојност утревечер со ретроспективна изложба на плакати од реализираните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози од својата досегашна активност ќе одбележи 15 години од основањето. 

Во рамки на програмата, во чест на јубилејот, ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности, како осврт кон изложбената, издавачката и програмската дејност на музејот.

-Јубилејот е потсетник на изминатите 15 години, вклучувајќи ги изложбите, проектите и соработките што ја одбележаа работата на музејот, стои во соопштението.

На свеченоста ќе бидат доделени благодарници на лица и институции кои во изминативе години ја помогнале и поддржале работата на музејот.