Connect with us

Регион

Албанија го губи првото место во Европа по зголемување на туристичките ноќевања

Албанија, оваа година, го изгуби првото место во Европа по зголемување на туристичките ноќевања, рангирајќи се на третото место, по Ирска и Малта. 

„По три години двоцифрен раст и рекордни резултати на европско ниво, Албанија оваа година забележа поумерено темпо на раст кај ноќевањата. Според податоците на Евростат, во текот на првите шест месеци од годината, ноќевањата во Албанија се зголемиле за 9,1 отсто во споредба со истиот период во 2025 година. Зголемувањето изнесувало 10,2 отсто за домашните туристи и 8,7 отсто за странските туристи, објавија медиумите.

Вкупно, во периодот јануари-јуни, Албанија регистрирала 3,38 милиони туристички ноќевања, од кои 2,45 милиони биле странски туристи. Во вториот квартал, ноќевањата на странските туристи во оваа земја  се зголемиле за 8,5 отсто.

На врвот на европската ранг-листа за раст на ноќевањата оваа година е Ирска со 15 отсто зголемување, по неа следува Малта со 10 отсто, додека Албанија е на третото место со 9,1 отсто.

Во Европската Унија, растот на ноќевањата во текот на првата половина од годината изнесуваше само 1,7 отсто. Во апсолутни бројки, најголем број туристички ноќевања е забележан во Шпанија, Италија и Франција.