Општини
Сиљановска-Давкова од Охрид: Пензионирањето е нов животен циклус во кој доаѓаат до израз мудроста и искуството
„Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, рече Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека спортот не е само физичка, туку и ментална вежба која го подобрува здравјето, поттикнува дружење и помага полесно да се соочуваме со успесите и неуспесите.
Зборувајќи за правата на пензионерите, претседателката истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, особено во носењето закони и одлуки што директно се однесуваат на нив.
Таа го посочи и примерот на Јапонците и филозофијата „икигаи“, според која секој човек има причина за постоење и цели што треба да ги остварува.
На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина.
Обраќање пред пензионерите имаше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој истакна дека Републичките спортски игри за пензионери се многу повеќе од спортско натпреварување, бидејќи претставуваат можност за дружење, размена на искуства, создавање нови пријателства и активно живеење.
„Вашата енергија, виталност и желба за спорт се за вистинска почит. Со своето учество покажувате дека годините не се ограничување, туку дека секоја животна возраст носи можност за нови активности, предизвици и убави средби“, рече Пецаков, упатувајќи благодарност до организаторите што натпреварите годинава се одржуваат во Охрид.
Тој им посака успешни настапи, добро расположение и убави моменти во Охрид, како и можност да уживаат во убавините на градот и гостопримството на охриѓани.
На 30. Републички пензионерски спортски натпревари учествуваат 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на Сојузот.
Натпреварите се посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември – Денот на пензионерите на Македонија.
септември 2, 2026
