Connect with us

Општини

Гостивар на првиот час, помалку првачиња, повеќе средношколци

Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани со неговите соработници на почетокот на учебната година посетија две основни училишта и посочи дека нема да се затвораат училишта.

Првиот човек на гостиварската општина кажа дека учебната година започнала во сите образовни институции без тешкотии и дека се обезбедени сите услови за одвивање на наставата. Тој во изјавата на учениците им го честиташе почетокот на образованието, а на првачињата во основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Гоце Делчев“ им врачи подароци.

– Има една добра работа на почетокот на учебната година, а таа е што во општинските средни училишта има зголемување на бројката на запишани. Лани имало 700, а годинава таа бројка е зголемена за 39. Според списоците, досега првачиња имаме помалку запишани во споредна со лани, но уписите се во тек и се надевам бројката на првачиња ќе биде како и минатата година, рече Лимани.

Од Секторот за образование информираа дека до минатата недела во гостиварските училишта се запишани над 450 првачиња.

Градоначалникот Лимани посочи дека со процесот на оптимизација на училиштата кое го спроведува МОН и се однесува на спојување на помалите паралелки дека во гостиварската општина се преземаат чекори, со кои како што рече, никој од наставниците поради овој процес нема ја загуби работата.