Connect with us

Општини

Во Општина Тетово во прво одделение запишани 865 ученици, воведена едносменска настава во неколку училишта

На првиот ден од новата учебна година, градоначалникот на Тетово Биљал Касами ги посети објектите на основното училиште „Реџеп Вока“ во Шипковица и Бродец каде се воведува настава во една смена. Со воведување на оваа практика, тој оцени дека ќе се создаат создаваат подобри услови за процесот на учење.

-Во ова училиште се реализирани значајни инвестиции за подобрување на објектите и просториите за настава, со што се обезбедува посоодветна средина за работа и учење, како за учениците, така и за наставниците. Ова е само еден чекор во нашите континуирани напори за подобрување на условите во училиштата во Општина Тетово, изјави Касами.

Наставата во една смена освен во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковица се одвива во ОУ „Беса“ во Мала Речица, како и во училиштата во селата Гајре и Џепчиште.

-Во меѓувреме, работиме на тоа во текот на 2027 година едносменска настава да се воведе и во училиштата во Порој и Лисец, посочи Касами.

Според податоците од општината, досега, во прво одделение се запишани вкупно 865 ученици, од кои 696 во настава на албански јазик, 154 на македонски јазик и 15 на турски јазик.

Во 5-те општински средни училишта во Тетово, досега се запишани вкупно 1.280 ученици од кои 1.086 ученици на албански наставен јазик, 187 на македонски јазик и седум на турски јазик.