Connect with us

Општини

Во Пехчево започна новата учебна година – 241 ученик повторно во училишните клупи

Со првото училишно ѕвонче денес официјално започна новата учебна година во Општина Пехчево. Во училишните клупи годинава седнаа вкупно 242 ученик, од кои 21 прваче за првпат го започнаа своето образовно патување.

Посебно емотивен беше денот за најмладите ученици, кои за првпат ги почувствуваа училишната атмосфера и училишното ѕвонче, запознавајќи ги своите нови другарчиња и наставници.

По повод почетокот на учебната година, градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, им упати честитки и најубави желби на сите ученици, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во текот на целата учебна година.

-Првото училишно ѕвонче го означува почетокот на едно ново поглавје. Во училиштето ќе ги запознаете вашите први другарчиња, ќе ги научите првите букви и бројки, ќе го напишете првото зборче и ќе ја решите првата математичка задача. Ви посакувам да бидете вредни, љубопитни и успешни ученици, а на нашите првачиња им посакувам ова да биде почеток на едно прекрасно патување исполнето со знаење, другарство и многу успеси- порача градоначалникот Китански.

Од Општина Пехчево упатија порака до учениците за успешна и исполнета учебна година, со многу нови знаења, пријателства и достигнувања, а на првачињата им посакаа среќен прв училишен ден и добредојде во училиштето.