Општини
Во Кочани 3434 ученика ја започнаа новата школска година
Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов утринава присуствуваше на приемот на првачињата, прв училишен ден во новата школска година за сите ученици.
Училиштето приреди пригодна музико – забавна програма за првачињата, на кои директорот Драган Трајчев им посака пријатен престој во училишните клупи и стекнување многу знаења во текот на оформувањето на нивното основно образование.
Градоначалникот Владко Грозданов обраќајќи им се на присутните на свеченоста, соопшти дека новата учебна година во основните и двете средни училишта во Општина Кочани ја започнуваат 3434 ученика. Од нив 277 се првачиња, а во средношколските клупи за прв пат седнуваат 252 нови ученика.
Тој, на сите им посака добро здравје и успех во учењето.
септември 1, 2026
