Connect with us

Регион

Во Црна Гора прогласена дводневна жалост поради тројното убиство во Даниловград

Владата на Црна Гора денеска и утре ги прогласи за ден на жалост поради вчерашното тројно убиство во Даниловград.

Поради тоа, школската година во Даниловград ќе почне на 3 септември.

Осомничениот за убиството на тројца мажи, Михаил Николајевич Шабуњанин изврши самоубиство, кога полицијата го опколила за време на неговото апсење во шумата над Херцег Нови.

Тој ги убил жртвите на стрелиштето „Чешка зброевка“ во близина на Даниловград.

Двајца од убиените биле жители на Подгорица, а третиот жител на Даниловград.