Connect with us

Општини

Во Велес пожарникарите гаселе дрвена клупа го спасиле трансформаторот

Во ТППЕ Велес попладнево во 13:50 часот била  примена дојава за запалена дрвена клупа на улицата „Христо Татарчев“ во Велес веднаш  до трансформаторот. Екипа на ТППЕ Велес излегла веднаш  на терен со едно противпожарно  возило и двајца пожарникари. По пристигнување на лице место  пожарот бил  изгаснат од велешките пожарникари и било спречено да се запали трансформаторот.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да  внимаваат и да не палат оган  на отворен простор, посебно сува трева и стрништа, за  да не придизвикаат пожар.

Воедно ги повикуваат доколку забележат пожар да се јават на бесплатниот телефoнски број 193 или 112.