Connect with us

Сервисни информации

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува сите законски критериуми за квалитет, покажуваат најновите анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието информираат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 24 до 27 август годинава зел вкупно 164 примероци за физичко-хемиска анализа и 164 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места на територијата на главниот град.

Во согласност со резултатите од спроведените испитувања, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.