Connect with us

Хроника

Воз удри автомобил кај велешката населба Превалец, во несреќата нема повредени лица

Патнички воз утрово удрил во автомобил кај велешката населба  Превалец, во несреќата нема повредени лица, соопшти МВР.

-Во  СВР Велес било пријавено  дека утрово околу 08:45 часот на железничкиот премин на регионален пат Велес – Извор, кај населба Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 56 годишниот  Г.М. од Велес и патнички воз управуван од  32 – годишниот М.А.од Скопје. Во несреќата повредени лица нема, информираат попладнево од СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, а во времето од 08:45 до 09:55 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Извор бил во прекин.