Connect with us

Регион

Почина поранешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ

Поранешниот командант на Главниот штаб на војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 83-годишна возраст – потврди државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ, повикувајќи се на информација од син му Дарко Младиќ.

Младиќ служеше доживотна казна затвор за геноцид и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Младиќ од 2024 година се наоѓаше во притворската болница во Хаг, каде што во последната една и пол година беше постојано врзан за кревет поради тешки здравствени компликации. Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, а имаше и сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите. Поради тоа, тој повеќепати беше хоспитализиран и подложен на повеќе медицински процедури и оперативни интервенции на срцето и ногата.

Механизмот за меѓународни кривични трибунали во Хаг претходно ги отфрли сите барања на неговата одбрана и семејството Младиќ од хуманитарни причини да биде пуштен на соодветно лекување и палијативна нега во Србија