Хроника
Починато бебе однесено во Поликлиника – Драчево, телото на обдукција
Починато бебе било однесено во Поликлиника – Драчево, телото е предадено на обдукција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа околу 21:15 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Поликлиника – Драчево е пријавено дека кај нив е донесено починато шестмесечно бебе од скопско. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информираа од МВР.
август 28, 2026
