Connect with us

Општини

Пожар од плевна се прошири кон врвот на ридот Балтепе во Тетово, пожарникарите спречиле да зафати куќи

Пожар бил пријавен во стара плевна над православаните гробишта во Тетово на ридот Балтепе. Тетовските пожарникарите по пријавата почнале со интервенција на огнот кој се појавил во објект, па се проширил во правец на врвот на ридот. 

-Пожарот избувнал во стар објект-плевна. Ние по пријавата, дојдовме овде кај православните гробишта и пуштивме црева нагоре затоа што нема пат по кој може да се оди нагоре со противпожарни возила. Побаравме евакуација на луѓето од блиските куќи. Огнот го изгасивме кај плевната и со тоа спречивме да бидат загрозени блиските куќи, но продолжи да се шири во шумата и кон Калето, изјави Авни Амети, командир во Тетовската пожарна. 

Во 13 часот и 20 минути на пожарот почнаа и интевенции од воздух со хеликоптер. Дел од пожарникарите се поставени на пат кон врвот од ридот Балтепе со цел да интервенираат над пожарот.