Вести
Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици
Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне и ова е шести случај со смртни последици – потврди денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72-годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.
За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти директорот.
Починатиот пациент бил хоспитализиран пред 15 дена на Клиниката, во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика и, покрај сите преземени интензивни мерки на Одделот за интензивно лекување, вчера во попладневните часови настапила смрт.
Во изјава за медиумите, Цана информира дека до денеска на Клиниката за инфективни болести биле или се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 27 досега се излекувани и испишани од Клиниката.
– Моментно на Клиниката се 18 пациенти, од кои 15 се со лабораториски потврдена западнонилска инфекција во невроинвазивна форма, а тројца пациенти се клинички суспектни на западен нил во невроинвазивна форма на инфекција. За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент – соопшти директорот.
Во моментот, најмладиот пациент на Клиниката е 26-годишен и е во добра здравствена состојба.
На Одделот за интензивна нега со тешка клиничка слика се уште петмина пациенти. Сите се во напредната возраст, повозрасни
август 27, 2026
