Скопје
За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека Општината обезбедила бесплатно ранче и прибор за секое прваче.
„Оваа учебна година во Ѓорче Петров ќе имаме 410 првачиња. Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување“, истакна Стојкоски.
Тој посочи дека Општината досега обезбедила 410 бесплатни анатомски ранчиња, училишен прибор за секое прваче, бесплатна ужинка и 3.000 денари еднократна парична поддршка за секое прваче по почетокот на учебната година.
„Го олеснуваме товарот за родителите и создаваме убав почеток за нашите најмлади“, порача градоначалникот.
август 25, 2026
