Connect with us

Свет

Влошено здравјето на најстариот европски монарх, норвешкиот крал

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд (89) се влоши во текот на викендот, што тој го мина в болница, соопшти кралската палата.

„Здравствената состојба на Неговото Височество, кралот, се влоши во текот на викендот. Кралот прима антибиотици за бактериска инфекција на крвта и позитивно реагира на третманот“, се вели во известувањето.

Харалд, денес најстариот монарх во Европа, беше примен во болница поради лекување од анемија. Како што се додава, кралот Харалд засега е во стабилна состојба.