Connect with us

Хроника

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р. (59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти МВР, на 17 август годинава во село Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“ кое го управувал С.Р., при што биле пронајдени 10 мигранти од Египет, од кои седум деца.