Хроника
Тешко повредено едно лице и неколку приведени по тепачка во Кавадарци
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека неколкумина биле приведени, по физичка пресметка меѓу две поголеми групи лица во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:45 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишија од слобода Р.С.(54), Т.Д.(31), С.С.(29) и Р.А.(39), сите од овој град, затоа што на улица „Киро Крстев“ во Кавадарци учествувале во физичка пресметка помеѓу две поголеми групи на лица, во која со тешки телесни повреди се здобил Б.С.. – информираа од СВР – Велес.
Во близина на местото, како што додадоа, бил пронајден и одземен остар предмет.
– Р.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот – истакнаа од СВР – Велес.
август 22, 2026
