Вести
Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри наредната година
Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени в година – информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
– Во текот на летото имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе в година да има доста добри вести – изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на општина Прилеп.
Николоски посочи дека крајниот рок за изградба на автопатот останува ист, крајот на 2029 година, но оти првите километри целосно завршен автопат – во две насоки, три плус три ленти, со изградени помошни патишта, ги очекува веќе в година.
Автопатот Прилеп – Битола во должина од 40 километри е дел од пакетот автопатски делници на коридорите 8 и 10 д, што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Вицепремиерот Николоски ја потенцира поддршката за Општина Прилеп од страна на Владата наведувајќи дека преку програми од Министерството за транспорт се инвестираат 9,5 милиони евра.
– Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светската банка од 350.000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката – социјално загрозените, 1,5 милион евра се инвестираат за изградба на зграда со социјални станови преку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката, која до крајот на годината треба да биде завршена и до пролет и становите да бидат поделени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти – изјави Николоски.
август 22, 2026
