Забава
Марк Закерберг купи замок во Ирска
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг го купи готскиот замок „Странкajли“ од XIX век во југоисточна Ирска, објави „Ајриш тајмс“ (Irish Times).
Зданието се наоѓа на 200 километри од европското седиште на „Мета“, наведува компанијата.
Замокот е изграден околу 1830 година на земјиште со поглед на реката Блеквотер. Во 2003 година бил подложен на обемни реновирања, според Националниот архитектонски архив.
Трансакцијата не е наведена во Регистарот на цени на недвижности на Ирска.
август 21, 2026
