Connect with us

Забава

Белгискиот принц Лоран официјално го призна за свој син 26-годишниот Клеман Ванденкеркхове

На церемонијата одржана пред шест месеци во Градското собрание, белгискиот принц Лоран официјално го призна 26-годишниот Клеман Ванденкеркхове за свој син, од врската со белгиската пејачка Венди Ван Вантен. Според првичните информации Клеман Ванденкеркхове нема да добива кралски надомест, ниту ќе може да го наследи престолот.

– Иако неколку години знам дека тој ми е татко, сè уште не сум одлучил дали ќе го земам неговото презиме. Горд сум на мајчиното презиме и откажувањето би било предавство кон неа.

Случајот за Клеман Ванденкеркхове е прикажан во документарецот „Клеман, син на“ ( „Clément, zoon van“)  емитуван во септември минатата година.