Свет
Шпанија со црн рекорд: Недостигот на вода и топлотните бранови однесоа близу 4.500 животи од почетокот на летото
Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани со горештините во периодот од 1 јуни до 19 август, што претставува црн рекорд за последните четири години, соопштија од Здравствениот институт „Карлос Трети“.
За споредба, во истиот период од минатата година во Шпанија поради високите температури починале 3.073 лица, а во 2024 година – 1.890.
Смртните случаи поради високите температури во периодот од 1 јуни до 19 август 2022 година изнесуваа 4.520.
август 21, 2026
