Хроника
Неготинец измамен за близу 27 илјади денари со СМС за лажен сообраќаен прекршок
Неготинец бил измамен за близу 27 илјади денари со СМС за лажен сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 14:50 часот во ОВР Неготино, 44-годишен неготинец пријавил дека бил измамен за сума од 26.908 денари. Според пријавеното, тој добил порака на телефон за наводно сторен сообраќаен прекршок со детали за начин на уплата на глобата во висина од 920 денари, за која било наведено дека ќе биде наплатена со попуст од 50 проценти и прикажана сума од 460 денари – информираа од СВР Велес.
Оттаму појаснија дека пријавителот ги следел инструкциите и со картичката на неговата сопруга ја започнал постапката за уплата, по што му стигнала порака за успешна трансакција, а по кратко добил уште една порака и откако ја проверил сумата што му е повлечена од сметката сфатил дека бил измамен.
Се преземале мерки за расчистување на настанот.
август 21, 2026
