Connect with us

Хроника

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

СВР Велес го расчисти случајот со оштетувањето на урбаната и спортската опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес.

– Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите, информираат денеска од МВР.

На 18 и 19 август полициски службеници од СВР Велес извршиле службени разговори со двајца 15-годишни малолетници. Разговорите биле спроведени во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци