Connect with us

Политика

Лефков: ЈО да отвори случај по допрен глас, Филипче како министер не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија. Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната изјава на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство, не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари.

Обвинителството мора да постапи и да даде одговор на следните прашања:

Зошто со години граѓаните не биле известувани дека водата која ја користеле за пиење не била безбедна? Зошто со години не биле преземени чекори за санација на овој проблем? Зошто надлежните институции предводени од тогашната власт на СДС не постапувале по добиените извештаи? Зошто Филипче како министер за здравство молчел и не постапувал?

Граѓаните заслужуваат конечно да видат правда од страна на судско-обвинителскиот систем во државата. Доста беше штитење на поранешните функционери на СДС, поради нивната блискост со одредени поединци од правосудниот систем во државата.

Бараме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи постапувањата на Филипче и тогашната власт на СДС.