Connect with us

Вести

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не е да се бара вина, туку да се политизира, за водата ниту еднаш не го повикаа на одговорност градоначалникот

Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите коишто ги поседувам, знам дека во минатото имало повеќе од 400 вакви извештаи — не само за Гостивар, туку и за други општини — за квалитетот или неквалитетот на водата, а тогаш институциите воопшто не постапувале. И логично е да се истражи зошто не постапувале, зошто тие луѓе коишто ги воделе тие институции не постапувале. Јас ја користам оваа прилика да го повикам Обвинителството да се обрати до АХВ и да ги побара овие извештаи за да видиме зошто не било постапувано досега — зборувам кога имате во рака извештаи од 2018 и 2019 година, изјави вечерва претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју во Тема на денот на ТВ Сител.

За нападите од страна на опозицијата и кривичните пријави на СДСМ кон сегашни функционери од здравствениот сектор, Мицкоски посочи дека намерата на СДСМ за Гостивар не е да се бара вина, туку да се политизира и да прави естрада.

– Инаку треба тука да дадеме одговор на едно друго прашање за кое СДСМ до овој момент не даде одговор, а тоа е: ако тие лица имаат одговорност, а да речеме за градоначалникот на Општина Гостивар нема одговорност, бидејќи правото на оваа дејност е на општинското претпријатие, не е на државата. Државата не ја преработува водата, не ја испраќа во системот и не ја продава на потрошувачите, туку локалното водоводно претпријатие кое е во директна надлежност на општината. Зошто ова го кажувам? Не го кажувам за да ја префрлам вината, туку за да кажам дека намерата на СДСМ не е во насока на тоа да се бара вина, туку да се политизира целата работа и да се прави естрада – рече премиерот Мицкоски.