Свет
Фон дер Лајен: Антонио Кошта и јас ја поддржуваме претседателката на МКС
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ја поддржува претседателката на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Томоко Акане, која беше санкционирана од САД.
„Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и јас цврсто стоиме зад претседателката на Меѓународниот кривичен суд, Томоко Акане, и службените лица кои ја поддржуваат мисијата. МКС помага да се донесе правда за жртвите на некои од најстрашните злосторства во светот“, нагласи фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.
Како што оцени, „за да ја извршат оваа важна работа, судиите и службените лица мора да можат да дејствуваат независно и без надворешен притисок“.
август 20, 2026
