Connect with us

Свет

Секој Полјак, во просек, должи повеќе од 5.000 евра

Просечниот долг по глава на жител во Полска се зголеми за повеќе од 700 злоти во текот на оваа година, надминувајќи 22.700 злоти, што одговара на околу 5.200 евра, според податоците од полското биро за економски информации ERIF.

Најчестите долгови вклучуваат телефонски сметки, отплата на кредити и издршка на деца.

Според податоците на ERIF, вкупниот долг на Полјаците на крајот на јуни оваа година изнесувал 28,46 милијарди злоти, или околу 6,5 милијарди евра, што е помалку од претходната година.