Connect with us

Забава

Неофицијално, по 20 години, се враќа легендарната „Hit & Run“ во стилот на „Симпсонови“

По повеќе од 20 години, обожавателите на „Симпсонови“ и уличните трки и бркотници веројатно ќе дочекаат нова верзија на играта „Хит енд ран“ (Hit & Run). Пренесувањето на познатиот концепт на видеоигрите на „Гранд тефт ауто“ (Grand Theft Auto) на улиците на жолтиот град Спрингфилд во 2003 година – беше целосен успех. По безброј петиции, неофицијални преработки и постојана носталгија, се чини, пристигнува и официјалното продолжение, пишува „Гудгејм“ (Goodgame).

На неодамнешниот настан на „Дизни Д-23“ (Disney D23), за време на панелот посветен на цртаната ТВ-серија „Симпсонови“ (The Simpsons), креаторот на анимираната приказна, Мет Гронинг одговори на прашање од посетител.

– Не знам дали зборувам нешто што не треба, но мислам дека оригиналната игра се враќа во некој облик – рече Гронинг.

Миг подоцна, еден од сценаристите на оригиналната игра, Мет Селман се обиде „да ја врати“ првичната состојба: – Или пак, не…

Потоа Гронинген брзо ја сврте темата кон анегдоти од минатото и развојот на друга видеоигра од „Симпсонови“, нагласувајќи дека во тоа време биле тужени од развивачите на играта „Крејзи такси“ за премногу сличности. Сепак, мигот на невнимание и јавно оддавање неодобрени податоци, веќе стана очигледен, според обожаватели и познавачи.