Регион
Уапсен осомничениот сторител на убиството во Ксамил, лишени од слобода и двајца турски државјани
Албанската полиција го уапси во Леван, кај Фиер, осомничениот сторител на убиството, со повеќе убоди од нож, на 21-годишеното момче, кое утрово беше пронајдено мртво на лежалка во Ксамил.
Полицијата соопшти дека осомничениот сторител е уапсен од оперативните служби на Управата за локална полиција во Валона, во соработка со службите на силите „Шќопоња“, на заедничкиот контролен пункт поставен на патниот правец Леван-Фиер.
Според полицијата, осомничениот сторител, албанскиот државјанин Сократ Вата(29), од Хас, се криел во багажникот на возило управувано од 31-годишен турска државјанка, додека во возилото како сопатник патувал и 38-годишен турски државјанин.
Осомничениот сторител и двајцата турски државјани се спроведени во Полициската станица Валона за понатамошни процедурални дејствија.
Полицијата соопшти дека странскиот државјанин кој го загуби животот, за кого претходно се тврдеше дека е француски, е потврдено дека е португалски државјанин Луис Мигуел Варела Мендес, роден на 27.09.2005 година.
Во меѓувреме, истрагите се фокусираа и на проверка на вмешаноста на двајца турски државјани во чие возило бил скриен осомничениот сторител, додека го транспортирале кон Тирана.
Истражната група, под раководство на Обвинителството, продолжува со своите дејствија за целосно законско документирање на околностите на настанот.
Според медиумите, Вата има долга криминална историја во странство, претходно бил уапсен и осуден во Велика Британија за голем број сериозни кривични дела, главно шверц на кокаин.
август 18, 2026
