Хроника
Момчиња од Пробиштип и Кочани лишени од слобода, едниот возел пијан, а вториот без возачка дозвола
Лишен е од слобода 23 годишниот И.Д. од Пробиштип, кој со мотоцикл учествувал во сообраќајна несреќа и бил под дејство на алкохол. Од СВР-Штип соопштија дека денеска во 3:30 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода 23 годишниот И.Д. од Пробиштип.
-Претходно, тој на улицата „Илинденска“ во Пробиштип, со мотоцикл кој го управувал, учествувал во сообраќајна незгода, а при преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта-соопштуваат од СВР-Штип.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера е лишено од слобода и 24 годишно момче од Кочани. И тој учествувал во сообраќајна несреќа со автомобил „сеат леон“ а за време на вршење на увидот било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
август 18, 2026
