Connect with us

Регион

Во последните три години индустирското производството во Албанија забележало пад од 17,5 отсто

Во Албанија минатата, трета година по ред, забележан е пад на индустриското производство, продлабочувајќи го јазот помеѓу целокупниот економски раст и индустриските перформанси. 

Најновите податоци од Виенскиот институт за меѓународни економски студии (wiiw) покажуваат дека бруто индустриското производство се намалило за 2,6 отсто во 2025 година, откако паднало за 7,5 отсто во 2024 година и за 8,4 отсто во 2023 година.

-Пресметано, врз основа на годишните промени, објавени од институтот, акумулираниот пад на индустриското производство во текот на овие три години изнесува околу 17,5 отсто. Темпото на намалување значително се забавил во 2025 година, но показателот останува негативен, што сигнализира дека индустријата сеуште не влегла во фаза на закрепнување, објавија медиумите.

Контрастот со економијата како целина е очигледен. Бруто домашниот производ пораснал за 4% во 2023 година, исто толкав процент и следната година и за 3,7% во 2025 година. Ова значи дека економската експанзија во овие години беше поддржана од други сектори, додека индустријата загуби место дури и во периоди кога економијата бележеше релативно висок раст.

Институтот проценува дека домашната побарувачка била главен двигател на економијата во текот на 2025 година, со најсилен придонес од државната потрошувачка и инвестициите, додека потрошувачката на домаќинствата обезбедила поскромен поттик.

-Според извештајот, континуираниот пад на индустриското производство е проблематичен сигнал за структурата на растот. За разлика од услугите и потрошувачката, индустријата има директна улога во извозот на стоки, вработеноста, продуктивноста и создавањето поодржлива производствена база. Тригодишното намалување покажува дека економскиот раст не е придружен со соодветно проширување на индустриските капацитети, додаваат медиумите

За наредните години, Виенскиот институт предвидува мало забавување на економијата. Се очекува растот да биде 3,6% во 2026 година и 3,5% во 2027 и 2028 година.