Connect with us

Регион

„Алпак капитал“ ги презеде во Србија Н1, ТВ Нова, Nova.rs, Радар, Данас

Сопственикот на компанијата „Алпак Капитал“, Педро Варгас Сантос Давид, денеска официјално е регистриран како директор на сите независни медиуми ANN, членки на „Јунајтед Груп“ во Србија, објави Н1 на сајтот. Во Агенцијата за деловни регистри, одлуките за назначување на сопственикот на „Алпак Капитал“ се донесени денеска, 17.08.2026 година.

Михаило Јовиќевиќ, директорот на порталот и весникот „Нова“, како и на неделникот „Радар“, беа веднаш сменети, а потоа Александра Митиќ, директорка на компанијата „Дан Граф“, која е издавач на „Данас“, како и Брент Садлер од позицијата директор на „Адрија њуз“, односно Н1.

Садлер е сменет и од позицијата директор на „Адрија њуз Нова С“, на која неодамна беше назначен. Во истиот пакет, сменет е и Јанез Живко, кој беше и директор на телевизијата „Нова С“.

Уредничкиот тим на Н1 продолжува да работи според професионалните принципи и стандарди како и досега. Уредничкиот тим ја задржува целосната одговорност за изборот на теми, методите на известување и уредничките одлуки во јавен интерес, наведе медиумот на својот сајт.