Connect with us

Свет

На Шангајската листа за 2026 година, најдобар е Универзитетот Харвард

Универзитетот Харвард е на првото место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Во најновото рангирање за 2026 година се анализирани повеќе од 2.500 институции, и е објавена и листа на 1.000 најдобри универзитети во светот.

На прво место и оваа година е Универзитетот Харвард, по него следуваат Стенфорд, Масачусетски институт за технологија (МИТ), Кембриџ и Беркли.

На листата на 10 најдобри светски универзитети се наоѓаат и Принстон, Оксфорд, Колумбија, Универзитетот во Чикаго и Калифорнискиот институт за технологија (Caltech).

На најновото рангирање, универзитетите од континентална Кина постигнаа особено значаен резултат – Шеснаесет кинески институции сега се рангираат меѓу 100-те најдобри во светот, во споредба со 13 во 2025 година.

На европскиот континент, Универзитетот Париз-Сакле е најдобро рангиран, на 13-то место, по него следува ETH Zurich на 19-то место.

Кога станува збор за универзитетите од регионот, Универзитетот во Љубљана забележа пад оваа година, кој сега е во групата од 601-во до 700-то место, додека ланио беше од 501-во до 600-то место. Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишното рангирање во групата од 601-во до 700-то место.

Вo најновото рангирање за 2026 година, Универзитетот во Белград падна за едно ниво во споредба со лани и сега е во групата универзитети од 501-во на 600-то место. УБ е се уште единствениот универзитет од Србија кој обезбеди пласман на Шангајската листа, која се смета за еден од најпочитуваните и највлијателните кога станува збор за рангирање на универзитетите.

Академското рангирање на светските универзитети (ARWU) беше објавено за првпат во јуни 2003 година.
Објавено од Центарот за светски универзитети (CWCU) на Факултетот за образование на Универзитетот Џиао Тонг во Шангај, Кина, рангирањето се ажурира годишно. Од 2009 година, Академското рангирање на светските универзитети (ARWU) го објавува ShanghaiRanking Consultancy. Тоа е независна организација што се занимава со анализа и собирање податоци за високото образование и не е правно подредена на ниту еден универзитет или државна институција.

ARWU користи шест објективни индикатори за рангирање на универзитетите во светот, вклучувајќи го бројот на поранешни студенти и вработени кои добиле Нобелови награди, број на високо цитирани истражувачи избрани од Clarivate, бројот на објавени трудови во списанијата Nature and Science, бројот на трудови индексирани во базите на податоци Science Citation Index Expanded и Social Sciences Citation Index во рамките на Web of Science, како и универзитетските перформанси по глава на жител.

ARWU рангира повеќе од 2.500 универзитети секоја година, додека рангирањето на првите 1.000 се објавува јавно.