Connect with us

Хроника

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата

Санкционирани се 72 лица во текот на вчерашниот ден од 17 до 22 часот при акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на лесни електрични возила низ државата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– Од нив, по 11 на територијата на СВР – Тетово и СВР – Битола, осум на територија на СВР – Велес, седум на територија на СВР – Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата, санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови – наведува МВР на својот фејбук профил.

Воедно апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.