Connect with us

Регион

Делумно потона катамаран во близина на Атина – спасени сите десет патници

Едрилица од типот катамаран со десет патници што пловела под турско знаме почнала да тоне во морскиот дел кај малиот ненаселен остров Флевес во близина на Атина, а крајбрежната служба на Грција спровела акција во која биле спасени десеттемина и безбедно пренесени на копно, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, на местото каде што делумно потонал катамаранот се упатиле два патролни брода, како и помошен чамец од јахта под знаме на Кајманските острови.

Помошниот чамец ги спасил десеттемина, ги префрлил на јахтата, а од таму, со патролен чамец биле пренесени до марината во Вуљагмени во јужниот дел на Атина.

Сите десет патници се во добра здравствена состојба.