Connect with us

Регион

Во големиот пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност

Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во Клиничкиот центар во Сплит поради повреди  здобиени во синоќешниот пожар близу Омиш. По лекарска помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата.

Седум пациенти се наоѓаат на интензивна нега и нивниот живот е во опасност. Уште тројца пациенти се сместени на интензивна нега, додека другите се хоспитализирани на болничките одделенија.

Повеќето од лекуваните пациенти имаат изгореници, додека другите побарале медицинска помош најчесто поради респираторни проблеми предизвикани од изложеност на чад, јавија хрватските медиуми.

КБЦ Сплит веднаш ги ангажираше сите расположиви тимови за да обезбеди навремено лекување на повредените. Поради зголемениот прилив на пациенти, дополнително беа повикани вработени кои се на одмор.
Најавено е дека во 10 часот во Омиш ќе пристигне хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.