Хроника
Приведено едно лице при претрес во Скопје, пронајдена дрога
Лишено од слобода едно лице синоќа при претрес во Скопје, откако кај него е пронајдена дрога – соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана – велат од Министерството.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава
август 14, 2026
